Патен транспорт

Република Северна Македонија се одликува со добро развиена патна мрежа во вкупна должина од 14.182 km, вклучувајќи автопатишта, магистрални, регионални и локални патишта. Главни оски на државната патна мрежа претставуваат двата Пан-европски коридори, Коридор VIII (исток - запад) и Коридор X (север - југ).
Регионалните патишта обезбедуваат пристап до главните патни коридори и магистралната патна мрежа и заедно со локалните патишта се од големо значење за развојот на локалната економија, привлекувањето на нови инвестиции, мали бизниси и земјоделски активности низ земјата. Согласно важечката легислатива, Јавното претпријатие за државни патишта е орган одговорен за управување, изградба, реконструкција, одржување и заштита на државните патишта во Република Северна Македонија.
Во моментот, вкупната должина на патната мрежа во државата изнесува 14.182 km, од кои 242 km се класифицирани како автопатишта, 911 km се магистрални патишта, 3.771 km регионални, а 9.258 km се локални патишта, прикажано во табела 1. Патната мрежа претставува добра почетна основа за понатамошен развој на државата.
Како во другите земји, така и во Република Северна Македонија, патниот транспорт има најголемо учество во вкупниот превоз на стока и патници. Во структурата на превозот на стока која се транспортира по патиштата низ Република Северна Македонија, националниот превоз доминира над меѓународниот и транзитниот превоз. Исто така, патниот превоз доминира над железничкиот превоз.
Вo основа, постојната патна конструкција е цврста и со добар квалитет.

 

Патна инфраструктура:
  • патна мрежа -вкупна должина : 14.182 km
  • магистрални патишта : 911 km
  • регионални патишта : 3.771 km
  • локални патишта : 9.258 km
  • должина на автопат : 242 km
  • должина на меѓународни "Е" патишта : 585 km
Железнички транспорт

Беташпед за потребите на своите клиенти организира железнички транспорт за сите видови на стока од и за Македонија. Царинењето се врши во CI Трубарево Скопје. Доколку сакате да добиете информации за цените во транспортот потребни се следните податоци: вид на стока, царински тарифен број, станица на утовар и истовар, транспортен пат-рута на стоката. Железничката мрежа на Македонски Железници има должина од 925km. Целата мрежа е со единечни колосеци од кои 233km се електрични. Главната линија е коридорот Н додека другите лини се главно споредни кои немаат големо меѓународно значење.

Табановце - Гевгелија преку Скопје и Велес е главната лнија која на југ продолжува кон Солун и Атина а на север кон Белград, Будимпешта, Загреб и Љубљана. Линијата е електрифицирана и е прва што е конструирана во Македонија, поточно во 1873 со цел да ги поврзува Скопје и Солун. Подоцна истата се продолжува и надоградува кон север и во други правци. Дозволената брзина на движење северно од Скопје е 110/130 km/час додека јужно од Скопје е 100 km/час освен на неки делови каде заради конфигурацијата на теренот дозволената брзина изнесува 65/70 km/час.

Ѓорче Петров - Кичево преку Тетово и Гостивар кон запад, е изградена 1952-69 и истата завршува во западниот дел на Македонија поточно на 60km од Албанија. Пругата има добри карактеристики.

Скопје - Блаце на север која води кон Приштина и е поврзана со мрежите во Србија и Црна Гора.

Велес - Битола Меџитлија на југ која продолжува кон Грција и грчката мрежа на железница. Истата е изградена и пуштена во употреба 1939 година.

Куманово - Бељаковце на исток која е во фаза на изградба. Првата фаза е поврзување со Бугарската железничка мрежа до Жуешево каде градежните работи се во завршна фаза.

Товарни станици во Македонија има во следните места: Гевгелија, Неготино Вардар, Миравци, Градско, Велес, Битола, Прилеп, Штип, Кочани, Овче Поле, Куманово, Миладиновци, Скопје, Скопје Товарна, Скопје Југ, Волково, Јагуновце, Тетово, Гостивар, Кичево.

Железничка инфраструктура:
  • пруги-градежна должина : 925 km
  • индустриски колосеци : 102 km
  • колосек на пругите-ширина : 1,435 mm
  • отворени електрифицирани пруги-должина : 233 km
  • електрифицирани станични колосеци-должина : 83 km
  • железнички станици-број : 117
Авионски транспорт

Во Македонија главен аеродром преку кој се одвива надворешно трговско работење на правните субјекти е Скопскиот аеродром.Помал дел од меѓународниот транспорт се одвива и на Охридскиот аеродром но главно се користи за туристички цели.

Беташпед за своите коминтенти организира транспорт од и до аеродром,припрема на документација, царински формалности и транспорт до одредишното место. Авионскиот транспорт од нашите клиенти обично се користи за мали или итни пратки но,понекогаш се користи и при транспортот за големи товари до дестинации кои немаат добра патна мрежа како централна Русија,Кина и др.

Доколку имате пратка која сакате да биде пратена авионски, јавете се и останатото препуштете ни го нам.

Волуметриската тежина на пратка е пресметка која што ја одразува збиеноста на пакетот. Помалку збиен предмет генерално зафаќа повеќе волумен од просторот, во споредба со неговата вистинска тежина. Волуметриската или димензионалната тежина се пресметува и се споредува со вистинската тежина на секоја парцела во пратката за да се утврди која е поголема; поголема тежина се користи за да се пресмета вкупната цена за транспорт на пратката.

 

- Користете го калкулаторот за да ја одредите волуметриската тежина на пратките.
- Список на кодови на земја, наведен според ISO 3166 системот за кодирање.
- Спецификација и капацитет на контејнери.
- Линк на Авио компании, нивни кодови и префикс како и код на аеродроми, имиња на аеродроми и земја во која се наоѓа аеродромот - www.world-airport-codes.com

 

 

 

Контакт и Првична естимација
Контактирајте не преку формата подолу, а доколку сакате да добиете првична проценка за цена и временска рамка во која вашата пратка би била испорачана, пополнете ги и сивите полиња.
БЕТАШПЕД доо
Индустриска зона „Илинден“, ул. 36, бр. 1, п. факс 4
1041 Скопје, Македонија
Коресподентни Банки:
Халкбанк / 270051471660168
Про Кредит Банка / 380156895602111
Даночен број
MK 4030992190621
+389 (0) 2 3173 – 717
+389 (0) 2 3173 – 715
+389 (0) 2 3175 – 652